ВМРО-ДПМНЕ: Заев да престане да ги користи вработените во Општината како бројка на протестите
ВМРО-ДПМНЕ денеска го повика градоначалникот на Струмица, Зоран Заев, да престане со неодговорното однесување, и со користењето на вработени во општинските институции како бројка на протестите.
-Тоа е недозволиво и дрско однесување кон вработените кои наместо да извршуваат работни задачи за кои се платени, извршуваат партиски цели. Прашуваме дали овие луѓе кои се вработени во општинските институции и претпријатија навистина рабоатат таму или се на работа во партиските штабови на СДСМ, дали вработените како Кире Ангелов, Љупка Цветкова, Сузана Тасева, Крумчо Смилков кои земаат плата од општина Струмица, работат во Општината или во штабот во скопје, праша Катица Маранѓозова на денешната прес-конференција во Струмица.
ОК на ВМРО-ДПМНЕ, нагласи, искажува загриженост од, како што рече, неодговорното работење на градоначалникот Зоран Заев.
- Веќе подолго време тој е надвор од Струмица, а како резултат на тоа целосно ја запостави функцијата градоначалник. Не се реализираат проектите кои ги вети, а во општинските институции владее вистински хаос. Но, тоа не го спречува обилно да ги користи ресурсите на општината за партиски политиски цели, рече Маранѓозова.
Ново на Сител
-
Агенциите за помош планираат големо распоредување во Газа откако ќе стапи на сила прекинот на огнот
-
Проштално обраќање на Бајден: Во САД се создава „опасна“ олигархија | ВИДЕО
-
Нетанјаху им се заблагодари на Трамп и Бајден за помошта за прекин на огнот
-
Собранието ќе ја одржи 30. седница
-
Студено со утринска магла по одделни котлини, наместа услови за слаб снег
-
На Плетвар магла, на Ѓавато слаб снег
-
Унгарија спасуваше бод против Македонија
-
И покрај забраната, има огромен број знамиња со сонцето од Кутлеш на трибините во Вараждин