ВМРО-ДПМНЕ: Заев да одговара за криминалот со гас во Струмица
ВМРО-ДПМНЕ денеска на прес-конференција го обвини СДСМ и лидерот Зоран Заев за, како што беше речено, криминално-коруптивно однесување при продажбата и дистрибуцијата на гас во Струмица.
- Аболицираниот Зоран Заев Струмица ја претвори во семеен вилает на кланот Заеви, а граѓаните на Струмица во заложници на неговото криминално-коруптивно однесување. Заев смислил идеална шема преку неговиот пријател Митко Андреевски како да испумпа милиони од џебовите на граѓаните. Андреевски регистрирал фирма на име на неговата сопруга Билјана Станголева, во семејна куќа на улицата „Атанас Раздолов“ во скопската населба Драчево, која е во сопственост на нејзините родители Станголеви. Значи фирма без имот, регистрирана во куќа, со само еден вработен и главен дистрибутер на гас во Струмица и врти милиони секоја година, рече рече Дарко Костовски од ВМРО-ДПМНЕ.
Тој потсети дека Митко Андреевски е претседател на Комисијата за енергетика во СДСМ и преку фирмата Си-Ен-Џи набавува и им продава гас на струмичани за цена два и пол пати повисока од онаа што ја купува. Според него, ова е класичен пример за грабеж на граѓаните и институциите за ова треба да отворат случај.
- Партиската фирма на СДСМ во периодот од 2011 година до денес од општинската каса има инкасирано над 2,5 милиони евра и тоа преку три тендери за набавка на гас кои се единствено направени за набавка на гас во општина Струмица, рече Костовски.
Тој истакна дека општина Струмица за 1 метар кубен плаќа 24 денари, додека ЕЛЕМ, кој набавува гас за греење за скопјани, плаќа 13 денари за 1 метар кубен и тоа е разлика од 11 денари за метар кубен. На овој начин, како што рече, фирмата на СДСМ Си-Ен-Џи инкасирала над 650.000 евра, пари на граѓаните.
За криминалот, како што рече, кој Зоран Заев го прави врз сопствениот народ мора да сноси одговорност.
Ново на Сител
-
Мисајловски: Ќе ги скратиме непродуктивните трошоци, за пензионерите ќе има 5.000 денари покачување на пензиите
-
Во Украина 50.150 лица се водат како исчезнати
-
ОН: На Хаити е катаклизмична ситуацијата
-
Бела куќа: САД испратија писмено предупредување на Русија за нападот во Москва, бесмислица е тврдењето за вмешаност на Украина
-
МЗШВ: Со измените во Законот за стокови резерви, оризовата арпа се вбројува во листата на стратешки култури за државата
-
ВМРО-ДПМНЕ ги потврди листите за пратеници
-
Зеленски: Русија планира голема офанзива во наредните месеци
-
18-годишен тетовец украл автомобил, па направил сообраќајка