ВМРО-ДПМНЕ: Заев да каже што договорил во Софија

Зоран Заев станува сериозен ризик по македонските национални интереси и најомилената фигура меѓу сите националисти кои се натпреваруваат во анти-македонските ставови, наведува ВМРО-ДПМНЕ во денешното соопштение до медиумите.
- Зоран Заев ја води македонската влада и му должи образложение на македонскиот народ каде го видел национализмот и омразата во однесувањето на Македонија па сега тој одлучил да сврти нова страница?, се вели во соопштението
Според ВМРО-ДПМНЕ, Заев за дводневна посета во Бугарија удрил жестоко по македонската држава. - Божидар Димитров, директор на Бугарскиот Национален Историски Музеј, по повод посетата на Заев изјави дека мислел нема да го доживее денот кога ќе дојде еден македонски политичар од Скопје, а тоа е Зоран Заев кој кажа дека бугарскиот и македонскиот народ се едно исто. Истиот Димитров најави дека со потпишување и реализирање на договорот се става крај на македонизмот и Македонија се претвора во втора бугарска држава. Дали СДС и Зоран Заев сметаат дека Република Македонија нема своја сопствена историја? Зар македонската историја нема значење на Зоран Заев, па реши да изјави дека во македонските учебници ќе биде променето сè она што не е во новиот дух на соработка помеѓу двете држави, стои во соопштението.
ВМРО-ДПМНЕ бара увид во тоа што Заев договорил при посетата на Софија. - Македонскиот народ бара увид во содржината на договорот која што Заев се согласил да ја потпише. СДС не е опозиција и треба да му одговори на македонскиот народ околу дилемите кои го вознемируваат по дводневната посета во Бугарија на Зоран Заев, се неведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.
Ново на Сител
-

Водата во Струга не е исправна за пиење, покажале последните анализи на ИЈЗ
-

Мицкоски: Безбедносната состојба е стабилна, се разгледуваат мерки за справување со можните економски предизвици
-

Мицкоски: Економијата е консолидирана, шест квартали по ред имаме раст на БДП, владините политики даваат резултати
-

Франција одобри привремено присуство на американски авиони во локалните бази
-

Фармацевтка посочи: Витамините во додатоци не се безопасни
-

Сиљановска Давкова: Страшно е секој 8 Март да броиме нови жртви, како е можно институциите да се имуни на предупредувачките сигнали
-

Судот не го прифати предлогот на бранителите за спојување на постапките за пожарот во „Пулс“
-

За 48-часа продолжен притворот за Стојанче Јовановски, сопругот на мајката која почина со својата ќерка по пад од зграда
