ВМРО-ДПМНЕ: Заев без консултации со опозицијата турка попис со матични броеви, спротивно на препораките на Еуростат
Зоран Заев се пазари на штета на Македонија и сите граѓани кои живеат во земјава.
По менување на името, идентитетот Зоран Заев посегна и преку пописот да изврши целосно редефинирање на Република Македонија.
Аболицираниот Заев без консултации со опозицијата турка попис со матични броеви, спротивно на препораките на Еуростат.
Аболицираниот Заев и неговата криминална банда треба да разберат дека пописот е статистичка, а не политичка операција.
Овој процес кој насилно се турка нема да ја прикаже реалната бројка на население кое живее во нашата држава. Со пописот Заев се обидува да изврши манипулација со бројката на жители во Македонија за да врати дел од хипотеките кои ги должи за да дојде на власт без поддршка од народот. Попис е статистичка операција која што треба да служи за реално планирање на политиките во државата.
ВМРО-ДПМНЕ го повикува Зоран Заев да се откаже од овој попис навреме, за да не ја доживее истата судбина како неуспешниот референдум. И да започне попис според препораките на Еуростат.
Ново на Сител
-
Поведена истрага против жител на струшко Велешта за детска порнографија
-
Приведени рибокрадци во Охрид
-
ЈО: Скопјанец под дејство на дрога усмртил жена со возило и побегнал
-
Мицкоски не очекува поскапување на струјата од 1 јануари
-
Пораснаа доларот и биткоинот
-
Изгаснат пожарот во Безистенот во Струга, зафатена кровната конструкција
-
Касами: Не гледам потреба од вонредни парламентарни избори
-
Уапсено уште едно лице поради нередите на протестот во Нови Сад