ВМРО-ДПМНЕ: За три години јавниот долг достигна 5,4 милијарди евра
СДСМ и Зоран Заев за три години успеаја да ја задолжат државата до ниво јавниот долг да изнесува 5,4 милијарди евра.
Не поминува недела без задолжување, а граѓаните немаат ништо од тоа. Нивото на капитални инвестиции за две третини од годината не надминува една третина од годишно планираните.
Никаде ги нема новите 600 километри автопат, 550 километри магистрални патишта, ниту пак 1100 километри локални патишта, кои ги вети Зоран Заев и СДСМ.
Економијата е на стаклени нозе. Доказ за тоа е и падот на продажбата на земјоделските производи за 8.9%.
Во пад е секоја гранка од економијата. Затоа се полни автобусите и аеродромите со млади со карти во еден правец.
Младите размислуваат само како да ја напуштат државата. Апатијата која владее во општеството е создадена од СДСМ и Зоран Заев. СДСМ и Зоран Заев мора да си заминат, за Македонија да тргне напред.
На 12 април Македонија ќе избере обнова.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМН
Ново на Сител
-
ВМРО-ДПМНЕ го кандидираше Орце Ѓорѓиевски за градоначалник на Град Скопје
-
38 воени возила ќе се користат за гаснење на пожарите во државата
-
Мицкоски: Нема да има данок за неженети и немажени
-
Ригорозни мерки против високите цени, ако утре статистика објави висока инфлација
-
Пациентите со хепатит Б, дијабет и други дијагнози бараат терапија на позитивната листа
-
Љутков: Од догодина повеќе средства за македонската филмска продукција
-
Вливот на реките рак рана за езерото
-
Преглед на вестите од светот