ВМРО-ДПМНЕ: За скандалот со вакцините веднаш одговорност да поднесат надлежните
Здравствениот систем е во тотален хаос. Скандалот со вакцините што ја потресе јавноста е дното на оваа власт.
Недозволиво е да се пронајдат 500 вакцини МРП на кои биле залепени погрешни декларации со веќе изминат рок на употреба и потоа само да се повлечат од 11 впунктови за вакцинирање во земјата.
Во ек на прогласена епидемија и тоа токму од министерот за здравство, Венко Филипче излегува на виделина информација дека има вакцини со изминат рок на траење.
Прашуваме какви казнени мерки ќе бидат преземени? Кој е одговорен? Дали и на колку деца им се дадени вакви вакцини?
Зошто надлежните уште од првиот ден по обелоденување на овој пропуст упорно тврдат дека сите вакцини против морбили, рубеола и паротит – МРП имаат валиден рок на употреба?
Почитувани,
За овој скандал треба веднаш одговорност да поднесат сите надлежни. Прво, одговорност мора да поднесе министерот за здравство, Филипче. Како е можно личност која е на ваква функција да дозволи макар и да проструи ваква информација? Во прашање е нешто што може да го загрози животот на децата.
СДСМ и Филипче уште еднаш докажаа дека единствено се борат само за свое лично богатење и богатење на поединци од СДСМ. Сето ова претставува уништување на се што е направено во здравствениот систем.
Време е да се стави крај на ова црнило кое ја зави Македонија. Граѓаните по овој тежок скандал со својот глас ќе стават крај на црнилата и на деградацијата на здравствениот систем.
Маја Славева од ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Вонреден инспекциски надзор на реонот Смилковско Езеро и во Општина Сарај
-
Уапсен 62-годишник од Штип, физички ја нападнал снаата
-
Пронајдени две ловечки пушки и муниција при претрес на возило
-
18-годишна девојка од Скопје се оддалечила од својот дом
-
Зеленски: Подготвен сум да поднесам оставка ако тоа донесе мир во Украина или членство во НАТО
-
Коло на гостите Шкендија на лидерската позиција
-
Без струја утре дел од општините Бутел и Карпош
-
Без вода утре дел од Центар