ВМРО-ДПМНЕ: За анкети се најмуваат негатори на македонскиот идентитет
„Србија со една многу подмолна политика успеа да оддели едно парче од Бугарите и да ги претвори во самостојна нација“ е теза на Андреј Рајчев еден од основачите на Брима ДОО во Македонија, агенцијата која ја прави анкетата за потребите на Зоран Заев, на која фризирано СДСМ води.
Рајчев е главен идеолог за идејата на отворање на бугарски универзитет во Скопје, тој во интервју за бугарски медиум кажа: „Наш интерес е тие да знаат за Бугарија. Зошто, на пример во Скопје да нема бугарски универзитет?“
Рајчев е човек со докажани антимакедонски позиции, и ја негира македонската посебност, национален идентитет, јазик и култура.
Нема анкетар кој ќе ги застапува тезите на Заев и ќе фризира податоци, па мора да прибегнува кон најмување на најголемите противници на македонското постоење.
По оваа денешна анкета гледаме дека Заев е толку очаен што е спремен да плаќа и негатори на македонскиот идентитет само за да создава привидна реалност.
Фризирање на јавното мислење нема да му помогне да не изгуби на избори. Време е за соочување со граѓаните, а таму го нема Рајчев и неговите скапо платени анкетари.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-

Усен демарш за амбасадорот на Албанија во Македонија
-

ЕУ одобри 67,5 милиони евра од планот за раст на Македонија
-

Уставни измени и реформи за забрзување на патот кон ЕУ
-

ОЈО ГОКК води предистрага за можна шпионажа во кабинетот на Претседателката Сиљановска Давкова
-

Кругови со оган, факели, прскалки и пиротехника низ годините се користеле во „Пулс“
-

Цариници запленија 500.000 евра на Табановце
-

Измамникот од Охрид осуден на 5 и пол години затвор
-

Пазарна утврди дека храната не поскапела, синдикалната кошничка пониска за 54 денари
