ВМРО-ДПМНЕ: Време е Заев да покаже чувство за припадност кон својот народ
ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение порачува дека е крајно време Заев да покаже барем малку државност и чувство на припадност кон сопствениот народ, да смогне сили и да и каже не на платформата од Тирана, како и да ја прифати понудата на ВМРО-ДПМНЕ со што ќе се обврзе да не ја реализира тиранската платформа.
- ВМРО-ДПМНЕ изрази јасна подготвеност да ја спаси државата од провалијата кон која Зоран Заев е подготвен да ја втурне и му понуди целосна поддршка на неговата влада, ако се откаже од Платформата од Тирана и нејзините катострофални последици врз Македонија и македонскиот народ. Доколку, пак, Заев до таа мера е импресиониран од платформата од Тирана нека прифати парламентарни избори заедно со локалните во мај и нека излезе пред граѓаните со барањата од Тирана, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.
Меѓу тиранската платформа и државните и национални интереси на својот народ, се додава, Заев ја одбра платформата што значи директно мешање во внатрешните работи на Република Македонија.
- Граѓаните веќе одамна се сведоци на расипничката политика на СДСМ и нивната непресушна желба за власт, но овојпат тие се целосно шокирани, бидејќи гледаат дека Заев е подготвен на се само за да се спаси од кривична одговорност себе си и криминогеното раководство на СДСМ. Овојпат тој ја продава цела Македонија, само да ја засити својата патолошка желба за власт без поддршка од народот. Играјќи по нотите од Тирана спремен е да направи влада со Зијадин Села, човекот кој јавно признава дека сака да ја смени македонската химна и македонското знаме и дека не постои македонски идентитет, се потенцира во соопштението.
Се наведува дека Заев и СДСМ мора да прават секакви отстапки на штета на унитарноста на Македонија само да се доберат до власт, која, како што велат, изворно не им припаѓа, затоа што не победиле на изборите од 11 декември.
- Заев и СДСМ се подготвени на целосна двојазичност на државата, двојазични амблеми на војската и полицијата, двојазични банкноти и монети, прогласување за геноцидни народи на: Турците, Србите, Бугарите, Хрватите, Словенците, Црногорците, Германците, Италијанците, како и прогласување за геноциден и својот сопствен народ, се прецизира во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.
Ново на Сител
-
Си пред посетата на Србија го критикуваше НАТО за бомбардирањето на Белград во 1999 година
-
ЕУ одобри шест милијарди евра за Балканот, Рама: Историски момент, кој внесува нов импулс во процесот на проширување
-
Девизните резерви во април зголемени за 41,9 милиони евра
-
Анонимна пријава за случаи со поткуп од политичка партија во Кичево
-
Во Делчево денеска гласаат 222 болни и изнемоштени лица за претседателските и парламентарните избори
-
Советот на ЕУ го усвои првиот закон за борба против насилство врз жените
-
И во Шпанија студентите подготвуваат протести против Израел
-
Претреси во Охрид поради фотографирање избирачки список и гласачки ливчиња