ВМРО-ДПМНЕ: Време е СДСМ да се освести
ВМРО-ДПМНЕ во пишано соопштение домедиумите порачува дека е време СДСМ да се освести и да сфати дека народот нема по никоја цена да дозволи да се продадат државните и националните интереси и оти народот си ја сака својата земја и нема да тргува со неа.
Македонската јавност, се вели во соопштението, во последниот период е сведок како СДСМ се обидува во најкраток можен рок да ја прошверцува тиранската платформа, не бирајќи начин и не размислувајќи на можните последици.
- Криминогениот СДС изврши обид за државен удар, преку газење на Уставот, законите и Деловникот за работа на Собранието на Република Македонија. СДС ја погази демократијата со обидот нелегално да го прогласи Талат Џафери за претседател на Собранието на Република Македонија. СДС мора да одговара, бидејќи политичко насилство што го изврши резултираше и со физичко насилство, се посочува во соопштениетоод ВМРО-ДПМНЕ.
Се нагласува дека на тој начин СДСМ уште еднаш докажал дека не го интересира ниту народот, ниту државата.
- СДС за да дојде до власт не само што ја прифати тиранската платформа туку грубо го прекрши Уставот, законот и Деловникот за работа на Собранието на Република Македонија. На 27 април ја силуваше волјата на граѓаните и го оневозможи правото на дискусија на нивните демократски избраници и надвор од сите процедури се обиде да си избере спикер на тиранската платформа. Криминалецот Зоран Заев издаваше наредби за да се пука во Собранието на Република Македонија. Издаваше наредби да се пука во македонскиот народ, народ кој си ги брани државните и националните интереси. За ова криминалецот Зоран Заев мора да одговара, се потенцира во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.
Ново на Сител
-
Симулација на сајбер хибриден напад во касарната „Гоце Делчев“
-
Драчево без вода, без струја дел од Кисела Вода, Центар, Карпош и Побожје
-
На Комисијата за именувања Предлог-одлуката за именување на членови на Советот на АВМУ
-
Трамп ја отвора Белата куќа за брифинзи за инфлуенсери и водители на подкасти
-
Шолц за Си-Ен-Ен: Тоа што Маск го прави е „навистина одвратно“
-
Ким Џонг Ун сака да го зајакне нуклеарниот штит
-
Променливо облачно со повремен локален дожд
-
Вучиќ: Во следните 10 дена ќе одлучиме дали ќе одиме на избори или ќе формираме нова влада