ВМРО-ДПМНЕ: Возилото кое го купува Шилегов е 1.723.621 евра, такво возило град Загреб купил за 794.052 евра
Скопје пред се има потреба од домаќинско работење, така со 1.7 милиони евра ќе се купат две противпожарни возила со скали, а не едно.
Патетични се објаснувањата и правдањата на мрзеливиот градски арамија Шилегов дека градот има потреба од противпожарно возило со скали, да има, ама не по цена двојно поскапа од таа која ја плаќа град Загреб за исто такво возило.
Потребата за нешто, не е оправдување за криминал.
Се е повеќе од очевидно. Возилото кое го купува Шилегов е 1.723.621 евра, исто такво возило град Загреб купил за 794.052 евра. Нема дополнителна опрема која што ќе чини повеќе од возилото. А уште посмешно е дека град Загреб би набавил неопремено возило.
Разликата во набавката од 939.569 евра е огромна. И во јавноста со право се поставува прашањето во чии џебови завршила таа, особено ако се земе во предвид дека ј фирмата која го испорачала возилото во Загреб остварила профит од набавката, така доаѓаме до фрапантни бројки.
Ова не е предмет само за ДКСК, ова е предмет и за ЈО. Не смее уште едем крупен криминал да заврши со одговорност на некој службеник, одговорност мора да има од врвот. Шилегов не може да се апстрахира од вина. Одговорност мора да има.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-

Муцунски: Нема да примаме мигранти, ниту одбиени баратели на азил од Обединетото Кралство
-

Поевтинуваат бенизите, цената на дизелот останува иста
-

Викендов на ГП Табановце, влегле над 36.000 македонски државјани
-

Дедо Мраз и супер херои од цртаните филмови им поделија пакетчиња на хоспитализираните на Детската клиника
-

Мицкоски објави инвестиција од 100 милиони евра во енергетиката
-

Авиосообраќајот на скопскиот аеродром се стабилизира, откажани осум лета поради магла
-

Муцунски: Во фокусот внатрешните реформи и достоинствено и соодветно решение со Бугарија
-

Божиновска: Нема да има никаква криза, државата има резерви на мазут
