ВМРО-ДПМНЕ: Во Романија цела Влада си даде оставка, а Филипче за 14 жртви вели кабелот е виновен
Во Романија цела влада си даде оставка, а Филипче за 14 жртви вели кабелот е виновен.
Насекаде во светот после поголема трагедија или несреќа која се случува во определен ресор, министерот, а некогаш и цела влада си дава оставка, само Филипче бега од одговорност и со Заев го обвинуваат кабелот.
Многу министри низ светот и функционери кога поднесувале неотповикливи оставки можеле да најдат изговори, но сите имале морал и не го направиле тоа.
Филипче ќе остане запаметен како единствен министер кој после тешка несреќа во ресорот кој го води наместо да понесе одговорност прави театар со лажна оставка.
Филипче треба да знае дека среќата која ја чувствува моментално заради спасената фотелја нема долго да му трае. Одговорност за трагедијата од Тетово ќе има. Колку и Заев да се труди да врши притисок врз органите на прогонот сега, веднаш по ослободувањето на системот од хибридниот режим ќе има одговорност за сите од прв до последен, вклучувајќи го и Филипче.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Митинг на ВМРО-ДПМНЕ
-
Митинг на СДСМ
-
Тема на денот со Сотир Лукровски, кандидат за градоначалник на Карпош од ВМРО-ДПМНЕ
-
Скапата терапија проблем за лицата со ретки болести
-
Преглед на вестите од светот
-
Ветото ја кочи ЕУ, отпор кон предлогот на Кошта за квалификувано мнозинство
-
Советниците на Град Скопје ја завршија последната седница за нецели 5 минути и заминаа на коктел
-
Мицкоски и Филипче се обивнуваат за црна кампања