ВМРО-ДПМНЕ: Во последниве 7 дена во Македонија има најмногу заразени и починати од Ковид-19, а најмалку направени тестови

Неспособноста на оваа влада излезе на виделина со справување со пандемијата на корона вирусот за последниве седум дена во Република Македонија каде што билансот на заразени е најголем, а најмалку направени тестови и за жал најмногу починати во регионот.
Процент на новозаболени во однос на тестирани случаи во последните 7 дена:
Македонија – 4,73%
Бугарија – 2,52%
Србија – 1,62%
Хрватска – 0,21%
Грција – 0,14%
Црна Гора – 0%
Најголем процент на заразени. Повеќе од Србија, Бугарија, Грција и Хрватска вкупно.
Според извештаите на заразени на 1 милион жители во регионот за последните 7 дена:
Македонија – 91
Бугарија – 31
Србија -85
Хрватска – 4
Грција- 4
Црна Гора – 0
Албанија – 33
Македонија има и најмногу заболени лица од корона вирус во регионот. Повеќе заболени на 1 милион жители од Грција, Бугарија, Албанија и Хрватска заедно.
Во Македонија има најмногу починати лица на 1 милион жители вопоследните 7 дена споредбено со земјите на Балканот:
Македонија – 8
Бугарија – 2
Србија – 2
Хрватска – 1
Грција – 1
Црна Гора – 0
Албанија – 1
Најмногу починати лица. Повеќе починати на 1 милион жители од Србија, Бугарија, Грција и Албанија заедно.
Катастрофалната состојба со справување на корона вирусот во Македонија продолжува. Сето ова оди на нечистата совест на Зоран Заев.
Ново на Сител
-

Мицкоски во посета на Универзитетската клиника за хируршки болести „Св. Наум Охридски“
-

Акција на МВР во УЈП Штип
-

Заменик министерот за правда: Лани 5.300 лица добиле примарна бесплатна правна помош
-

Минатата година 142 лица го загубија животот, над 7.000 беа повредени во сообраќајот
-

УГД студенти со практична настава во локалната самоуправа
-

Општина Прилеп доби грант од 50.000 долари од УНДП
-

Преглед на вестите од светот
-

Расте интересот за Лукоил, откако САД го продолжија рокот за продажба до 13 декември
