ВМРО-ДПМНЕ: Во Македонија владее епидемија на непотизам
Епидемија на непотизам владее во Македонија. СДСМ го цеди буџетот и безмилосно ги троши парите на граѓаните за вработување сопруги, тетки, деца, братучеди, блиски и далечни роднини на партиските функционери.
Нема функционер на СДСМ кој што не си ја вработил целата фамилија по државната и јавна администрација.
СДСМ ги користи последните моменти на власт за изигрување на законите и за згрижување на своите партиски активисти и полтрони.
Во Општина Ѓорче Петров лицето Лепа Ѓорѓиевска Јакимовска, односно жена на личниот шофер на градоначалникот Александар Наумовски ќе биде вработена како соработник за односи со јавност во општината.
Непотизмот е присутен и во Битола каде што Јове Смилевски, инаку вработен во РЕК Битола и Претседател на синдикатот на ЕЛЕМ, близок до Васко Ковачевски и СДСМ, си го вработил својот син Наум Смилевски во РЕК Битола, а истиот тој е Претседавач на Советот во општина Новаци од редовите на СДСМ.
Градоначалникот на Виница, Ивица Димитров непосредно пред формирањето на техничката влада си ја вработил сопругата Теодора Димитрова во МВР односно СВР Штип.
Сестрата на Претседателот на млади на СДСМ Велес, Вера Арсова Митреска, аплицирала за оглас за доктор во Општата болница во Велес каде што се барале 5 доктори. Сериозни сомнежи и индиции за изигрување на законот има бидејќи истата била 7-ма на рангирањето, односно се барале 5. Иако била 7-ма, сепак била вработена од страна на болницата.
Досегашниот командир на полициската станица Прилеп, партискиот полицаец на СДСМ, Кире Спиркоски, сестрата на сопругата, Викторија Јовческа ја вработил во општина Прилеп. Најверојатно како награда за работата која што ја вршел до сега за СДСМ.
СДСМ знаат и се исплашени од поразот којшто ги чека на 12-ти април, па затоа брзаат да ги вработат своите партиски активисти.
Никој од СДСМ нема да се спаси од прекршување на законот. По 12-ти април следува обнова на Македонија, и тоа обнова која што ќе донесе рамноправност за сите граѓани, а не само привилегии за локалните и централните функционери на СДСМ и власта.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Фросина Кулакова е 22-годишната девојка усмртена кај „Силбо“
-
74-годишник со остар предмет се заканувал на соседи во Карпош
-
Поведена дисциплинска постапка против Вишиот јавен обвинител на Скопје и еден јавен обвинител од истото обвинителство
-
Таравари: Жалам што за скандалот со Онкологија нема судски епилог
-
Нови 1.878 случаи на грип, вирусот најактивен во Кавадарци и Дебар
-
Општина Велес и годинава продолжува со исплата за новороденче по 3000 денари
-
Анкета на КСПС: Граѓаните ги оценија судските услуги со 3,1
-
Во источна Турција измерени минус 34 степени Целзиусови