ВМРО-ДПМНЕ: Во Македонија не се живее подобро
Во Македонија не се живее подобро.
Владата залудно потроши 10 месеци од животот на сите граѓани.
Нема нови проекти, не се реализираат ветувања, не се работи апсолутно ништо. Имаме уназадување на стандардите во секое поле.
Стануваме држава каде сиромаштијата расте, стандардот опаѓа, а корупцијата е највисока во Европа.
СДСМ и Зоран Заев донесоа изместени вредности во политиката и секојдневното живеење.
Најпрво го узурпираа Собранието, ги прекршија сите можни процедури во Собранието и на сила го донесоа неуставниот закон за јазици. Неуставниот закон за јазици го подели општеството и наместо интеграција донесе дезинтеграција.
Во Република Македонија владее хаос. Нема поголеми плати, пензии, нема поголем стандард за граѓаните. Младите се иселуваат, а ветувањата за подобар живот останаа мртво слово на хартија.
Македонија е киднапирана и срушена држава. Ги киднапираат и узурпираат институциите, законите, Уставот, а главната одлика им е рушењето.
Киднапираните институции служат само како политички инструменти за пресметка со неистомислениците. Затоа актери, режисери, архитекти, пратеници и останати се жртви на монтирани обвиненија за тероризам и без никаква основа се држат во притвор. На Зоран Заев му треба дефокусирање од катастрофалните антидржавни политики и сеење на страв и замолкнување на сите што мислат поинаку.
Граѓаните на Република Македонија заслужуваат подобро. Заслужуваат одговорна власт која ќе се грижи за нив и нивните интереси.
Оваа власт мора што поскоро да си замине и да дојде нова сила и нова надеж за Република Македонија.
Ново на Сител
-
На граничниот премин Табановце се чека од 15 до 30 минути
-
Роналдо бара засилување од клубот
-
Пожарот околу Преспанско езеро е ставен под целосна контрола
-
Активни седум пожари, четири се под контрола, а пет се изгаснати
-
Анализи: Супербактериите би можеле да убијат милиони луѓе до 2050 година
-
Во Скопје, Велес, Кавадарци и Демир Капија измерени 41 степен, за утре се најавува температура до 42 степен
-
ДЗС: За 15 проценти помалку сместени ученици и студенти во интернатите и домовите
-
Две екипи на ТППЕ Куманово уште го гасат пожарот на улицата „Инудстриска“ во Куманово