Македонија
11. August 2019 - 11:31

ВМРО-ДПМНЕ: Во Македонија има антракс, власта крие

Во Македонија се појавила опасната заразна болест антракс, а власта крие, обвинуваат од ВМР)-ДПМНЕ.

Од партијата објавија дека имаат сознанија дека пред две недели било донесена заразена овца од западна Македонија во Ветеринарниот факултет во Скопје.

Со испитување е потврдена дијагнозата, а поради тоа 30 вработени од Факултет веднаш биле однесени на Инфективна клиника за превентивна терапија.

Од опозициската партија прашуваат дали се преземени сите превентивни мерки за вакцинација на населнието и локализирање на болеста кај животните која лесно се пренесува на луѓе.

Катерина Нешкова