ВМРО-ДПМНЕ во Гостивар: Нудиме остварување на стратешките приоритети

Го гледам Гостивар по четири години како град во кој ќе се креираат можности за просперитет, во духот на меѓуетничкиот соживот и толеранција. Град во кој ќе се споделуваат заеднички вредности, порача Дафина Стојаноска кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на општина Гостивар.
Стојаноска на прес-конференција во штабот на ОК на ВМРО ДПМНЕ Гостивар, ги изложи главните цели на програмата.
- Како градоначалник, ќе инвестирам во помодерно образование, иновации и информатичка технологија, како и во креирање на меритократско општество, базирано на талент, знаење и вредности. За таа цел, ќе се реализираат голем број на политики на локално ниво, мерки и проекти кои ќе придонесат за остварување на стратешките приоритети на Гостивар. Ве повикувам да покажеме храброст и истрајност, сакајќи го својот народ и својата татковина. Да станеме фактор кој ќе реализира, фактор кој ветува и остварува. За нашиот град ние одлучуваме, подвлече Стојаноска.
Како поважни проекти во програмата таа ги нагласи - враќање на старото гостиварско корзо и изградба на современ градски плоштад со шеталиште, катна гаража со капацитет од 400 до 500 паркинг места, нова детска градинка за згрижување на 300 деца, покриен базен, дом за стари лица и реконструкции на повеќе улици низ градот. Таа најави и дислокација на депонијата Русино и изградба на центар за рециклирање.
Лоран Страшески, носителот на листата со кандидати за членови на советот во обраќањето ги престави сите 31 кандидат и нагласи дека тимот што го предводи ќе донесе, као што рече уште една победа на избори.
- Задоволство ми е што предводам тим и кандидати кои со нивниот кредибилитет кој ќе ја поврати ВМРО-ДПМНЕ повтотно на врвот, рече Страшески.
Обраќања со поддршка имаа и потсектарот на партијата и пратеник Горан Манојлоски, членот на ветараните на ВМРО-ДПМНЕ Павле Билбилоски, Наташа Саздова од Унијата на жени и поранешниот пратеник Сашо Аќимоски.
Од предизборниот штаб на прес-конференцијата беше презентирана и агендата според која ќе се спроведува предизборната кампања на ВМРО-ДПМНЕ за гостиварската општина
Ново на Сител
-

Хет-трик на Стефан Ристиќ за голема победа на македонската репрезентација до 17 години над Унгарија
-

Андовски: Алта банка АД Битола ги исполнувала сите супервизорски стандарди пред воведувањето администрација
-

Сиљановска-Давкова на COP31: Климатската амбиција мора да се претвори во конкретно дејствување
-

Културата како мост за поврзување со Јапонија
-

Мицкоски: Ваква енергетска криза немало досега, но поскапувања на струјата кај нас ќе нема
-

Казино во Кичево фатено како краде струја – со уред од црниот пазар манипулирале броила и направиле штета од 44.000 евра
-

Насилничките од Ѓорче Петров кои тераа 13-годишно девојче да јаде кучешки измет упатени во поправен дом
-

Јован од Струмица освои прво место на меѓународен шаховски турнир во Србија, победи двајца интермајстори и двајца фидемајстори
