-->
-->
ВМРО-ДПМНЕ: Во 2022 заевизмот креирал нов долг од 14.500 денари за секое семејство
-->
Стандардот на граѓаните пропаѓа тоне, а на власта на Заевизмот око не и трепнува.
Цените на мало во декември се поскапени за 6%, поскапени се горивата, цената на струјата за 15%, цената на парното речиси за 15%, што директно влијае врз семејниот буџет на секој граѓанин. Власта на пиунот Ковачевски не презеде ништо тоа да го спречи. Немаше навремена набавка на гас, немаше навремен ископ на домашен јаглен и домашно производство на струја, немаше навремена заштита на пазарот со основните продукти.
Дополнително, буџетскиот дефицит е 7 милијарди и 255 милиони евра или нов долг за секое семејство од почетокот на 2022 година во износ од нови 14.500 денари. Тоа е резултатот на заевизмот, на кој во ек на економска, здравствена и енергетска криза прв приоритет му е набавка на златен прибор за пиунот Ковачевски.
Криминалот на заевизмот, поради кој и оваа година Македонија е рангирана како една од најкорумпираните земји во Европа, државата ја закова на дното по странски инвестиции и економски раст во целиот регион.
Расте долгот, а економијата тоне.
Тоа мора да престане. Решението е да се раскрсти со заевизмот на предвремени парламентарни избори, и тоа час поскоро.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Зеленски: Преговарам за мега договор со Трамп
-
Расчистено убиството во Батинци, се трага по едно лице
-
Поради пожар затворен за сообраќај автопатот од наплатна рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правца
-
ЦУК: Неколку пожари во Куманово и Старо Нагоричане
-
ЦУК: Поради ветер кој го зафати подрчјето на Куманово и Скопје на повеќе локации од искрење на жици предизвикни се пожари
-
Поранешниот претседател на Албанија, Илир Мета, останува во затворски притвор
-
Регрут од украинската армија уби двајца свои инструктори
-
Уапсен еден од соучесниците за убиството во Батинци