ВМРО-ДПМНЕ: Власта не се грижи за најмладата категорија граѓани
СДСМ на чело со Зоран Заев и министерката за труд и социјална политикиа, Мила Царовска и понатаму продолжуваат да ги лажат граѓаните во државата.
Не им беа доволно лагите до сега, па сега удрија и по најмладата категорија на граѓани.
СДСМ само се фали дека се отвараат нови градинки, објекти и центри за ран детски развој, а не кажуваат кои се точно тие објекти. Тоа само покажува дека ова е уште една нивна лага.
Ако Царовска водеше грижа за децата во нивниот детски развој немаше да ги намали платите на вработените во тие објекти.
Ако Царовска водеше грижа немаше да го укине додатокот за трето дете.
Ова се доволни докази кои покажуваат дека Царовска ги лаже граѓаните на Република Македонија.
На граѓаните на Република Македонија им е потребно влада која ќе води грижа за нив, почнувајќи од најмалата категорија на граѓани. Затоа на следните парламентарни избори ВМРО-ДПМНЕ ќе ја формира новата влада и која целосно ќе се посвети за доброто на граѓаните.
Ново на Сител
-
Почнува вакцинацијата против сезонски грип
-
ПМФЛ: Силекс го победи актуелниот шампион, Вардар поразен и од Беса
-
Алаба не се откажува, почна да трча без болки во коленото
-
Шпанската крајбрежна стража спасила над 230 мигранти кај Канарските острови
-
Лавров: Изјавите на Бајден за намалување на нуклеарното вооружување без предуслови се измама
-
Нетанјаху во разговор со Трамп: Ќе носиме одлуки во наш национален интерес
-
Наутро со можна појава на магла, а преку ден претежно сончево
-
Сообраќајот без застои