ВМРО-ДПМНЕ: Власта не набавила медикаменти за пациентите болни од одредени видови рак
Пациентите болни од одредени видови рак оставени без терапија, власта не набавила медикаменти.
90 пациенти со колоректален, оваријален и цервикален карцином скоро цел месец не ја примаат препишаната биолошка терапија.
Пациентите не добиваат конкретна информација кога ќе може повторно да ја добијат неопходната терапија, која им е неопходна.
Количините набавени преку Министерството за Здравство се исцрпени, а Клиниката за Радиотерапија и Онкологија нема отворено нов тендер.
Кога во прашање се тендери од кои профитира некој од власта се штанцаат огласи, а кога треба да се набави терапија за болните од рак, никој со прст не мрда.
Со ваквиот развој на настаните, и неодговорноста кај власта се очекува дека до крај на месец мај ќе биде прекината и терапијата на 30 пациенти со метастатски меланом, со што директно се загрозува нивниот живот.
Доколку власта наместо да работи продолжи да краде, и не ги извршува ниту основните работи во текот на наредните месеци ќе се исцрпат количините и за повеќе други неопходни биолошки лекови, вклучително и имунотерапија за над 150 пациенти со белодробен карцином, карцином на бубрег и карцином на дојка.
Неодговорноста и неспособноста на СДСМ и ДУИ директно загрозува стотици животи.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Повозрасните кочанчани погодени од трагедијата утеха бараат во алкохолот, неместо кај психолог
-
Избор на нов министер за здравство во Собранието
-
Две нови мерки за вработување
-
Лицата со телесен инвалидитет со порака да бидат видени
-
Преглед на вестите од светот
-
Mицкоски: Протестите во Кочани преминаа во политичко движење
-
Мицкоски: Извештајот ќе биде усвоен
-
Тема на денот со Ана Марјановиќ, онколошки пациент, дел од Хема-Онко