ВМРО-ДПМНЕ: Власта мести милионски тендери во четири очи
Додека народот го дотераа до состојба да нема вода во очи, власта мести милионски тендери во четири очи.
Љупчо Николовски во занесот дека ќе прави некаква борба против корупцијата и криминалот вети дека ќе ги брои кафињата и водите на министрите, додека истражувањето на ЦГК покажува дека токму овие министри потрошиле 11 милиони евра за јавни набавки во четири очи во првата половина од 2020 година.
Секако погодувате, рекордер во набавките во четири очи е министерството за здравство и најдобриот пријател на Заев, Венко Филипче. Освен тоа што Филипче брка провизии за набавка на вакцини, редовно брка и тендери во четири очи. Да потсетиме, токму владата на Заев беше таа којашто го укина Советот за јавни набавки, за да можат Филипче и останатите министри да договараат тендери во четири очи.
Ваквиот криминал не смее да остане неказнет. За жал, „Рускоска-обвинителството“ очигледно освен со политички прогон не сака да се занимава со вистинскиот криминал. По промената на власта ќе бидат прочешлани сите јавни набавки до последниот денар и одговорност ќе има.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-

Растат цените и побарувачката за станови во Струмица
-

Пчеларите се соочуваат со нелојална конкуренција
-

По Венецуела, Трамп со отворена закана и за уште пет држави
-

Преглед на вестите од светот
-

Православните христијани денеска го слават Бадник, ден пред Христовото раѓање
-

Со македонската коледарска песна „Коледица Варварица“ коледарчиња утрово затропаа на вратите
-

Божиќно послание на г.г. Стефан: Се што доаѓа од Бога носи спасение и вечност
-

Преглед на вестите од светот
