ВМРО-ДПМНЕ: Власта иако знаеле за војната не набавила ниту пченица, ниту гориво на време
Власта иако знаеле за војната не набавила ниту пченица, ниту гориво на време, затоа сега ќе има редици пред маркетите и бензинските.
Владата и Стево Пендаровски знаеле уште на 8 ноември дека ќе има војна во Украина со Русија и не преземале ништо за да ја подготват државата со зголемено ниво на стокови резерви и план при криза.
Во изминативе неколку дена слушнавме три изјави на високи државни функционери дека стоковите резерви се полни, па ако не се да се наполнат, па пак дека се полни, за на крај претседателот на Република Србија да каже дека дава 50.000 тони пченица и 25.000 тони пченка за Македонија.
Што правела владата и Пендаровски и зошто не преземале ништо за полнење на државните резерви? Зошто до сега не се пуштени резерви во оптек, доколку ги имало за да не се покачат цените на ниво како што се сега?
Доколку властите знаеле за војната, зошто не набавиле доволно гориво, и гас, туку во ек на зима се соочувавме со недостатоци? А најлошото заради нивната неспособност допрва доаѓа.
Доколку Пендаровски и владата знаеле за војната зошто не направиле план за извлекување на нашите државјани, туку наместо тоа го повлекоа персоналот, а ги оставија луѓето во опасност?
Пендаровски и владата треба да одговорат што презеле до сега, и зошто дозволиле состојбата да дојде до оваа драматична точка?
Ново на Сител
-
МВР: Полициски службеници спасија повредено лице на Шар Планина | ВИДЕО
-
Трамп, Венс и 100 илјади луѓе ќе присуствуваат на комеморацијата за Чарли Кирк
-
ЦУК: Спасувачка акција на повредено лице над Горно Јеловце
-
ДЗС: Под целосна контрола пожарот во близина на Скопскиот аквадукт
-
ЦУК: Локализиран пожарот што избувна во местото Аквадукт
-
Велика Британија, Канада и Австралија ја признаа Палестина како суверена држава
-
Нетанјаху: Формирањето палестинска држава го загрозува постоењето на Израел
-
Талибанците го одбија барањето на Трамп за враќање на воената база Баграм во Авганистан