ВМРО-ДПМНЕ: Власта е делегитимирана и мора да замине

Власта е делегитимирана и мора да си замине.
Зоран Заев и Стево Пендаровски заедно со нивните партнери од власта ДУИ, освоија само 42,84% од гласовите на граѓаните на Република Македонија.
Гордана Силјановска Давкова и кандидатот на опозицијата во албанскиот блок ја освоија довербата на преку 53% од граѓаните.
Тоа е најдобар доказ дека граѓаните чувствуваат дека државата назадува. Одиме надолу и на економски и на демократски план. Одиме надолу и на листите за корупција и во здравството и во образованието и на полето на безбедноста.
Македонија оди напред само во однос на бројот на граѓани кои живеат под прагот на сиромаштијата.
Тоа се фактите кога три пати аболициран политичар ја води државата по принципот „едно евро за вицето”.
Бизнисите на граѓаните тонат, но затоа фирмите на функционерите од власта добиваат тендери во 4 очи и испумпуваат милиони од буџетот.
Немаме 500 евра просечна плата, немаме 100.000 денари плата за лекарите, немаме 600 километри автопат, но затоа имаме криминал, корупција и непотизам.
Граѓаните живеат во тешка мака, земјоделците сечат дрва, болните не можат да најдат лек, младите се иселуваат како никогаш до сега.
Република Македонија тоне. Со Стево Пендаровски уште повеќе ќе тоне. Затоа е потребно граѓаните масовно да излезат и да ја поддржат Гордана Силјановска Давкова. За право и правдина.
Ново на Сител
-

Сиљановска Давкова: Климатските промени веќе не се закана, туку реалност, неопходно е координирано дејствување и заедничка одговорност
-

Создадена мобилна апликација за следење и истражување на пеликаните во Преспанско Езеро
-

Битолската ЗОО Градина ќе вдоми животни од Зоолошките градини во Скопје и Белград
-

„Онкологија 2“: Одбраната ги оспорува доказите на обвинителството и бара домашен притвор за Васев и Нухи
-

Уставот и законите мора да се почитуваат, вели Мицкоски за барањата за полагање на правосуден испит на албански јазик
-

Бесплатни превентивни прегледи за жителите на Кисела Вода по повод Светскиот ден на здравјето
-

Подобрена состојбата со јавниот превоз, 180 автобуси сообраќаат на линиите, вели Ѓорѓиевски
-

Мицкоски: Со навремените мерки спречивме инфлацијата да биде двојно поголема
