ВМРО-ДПМНЕ: Владата планира да потроши четири милијарди евра за предизборен поткуп на гласачи

Криминално рекетарската влада во заминување предводена од Зоран Заев го скрои најголемиот, најрасипничкиот и најкоруптивниот буџет во историјата на Република Македонија.
Владата која во три години ништо не сработи, сега планира да потроши неверојатни 4 милијарди евра кои повеќе од јасно е дека ќе завршат во предизборен поткуп на гласачи.
СДСМ досега потроши повеќе од 9 милијарди евра, а апсолутно ништо не направи со тие пари. Никаде ги нема новите автопатишта, нема нови училишта, нема студентски град и реновирани студентски домови, а за новиот Клинички центар немаат ни темели поставено.
Со новиот буџет освен за расипништво СДСМ не предвиде повеќе пари за автопати, железници, гасоводи, а нема ниту за Чебрен и Галиште, ниту за ТЕЦ Неготино.
Залудно СДСМ ветува реализација на капитални инвестиции кога граѓаните се уверија дека ова е најнеспособната влада досега. Откако е СДСМ на власт капиталните инвестиции буквално стагнираат.
Изминатата година беше најлоша во откако Македонија е независна држава, а оваа ќе биде уште полоша бидејќи досега имаат реализирано само 37,63% и како што стојат работите нема да реализираат ни половина од тоа што самите го планирале.
Дека СДСМ е најнеспособната влада за реализација на капитални проекти говори и фактот им требаше повеќе од година дена да пуштат во употреба готов автопат кој им го остави владата на ВМРО-ДПМНЕ.
Воедно поголемиот дел проекти кои им ги остави ВМРО-ДПМНЕ стагнираат и заради расипништвото на СДСМ сега граѓаните ќе треба да плаќаат пенали од стотици милиони евра.
Единствено со што може СДСМ да се пофали е дека ја зголеми сиромаштијата и сега повеќе од 500.000 граѓани едвај преживуваат, и со тоа што долгот го зголемија на повеќе од 50% од БДП. Токму затоа на 12 април завршува расипништвото на оваа криминално рекетарска влада предводена од СДСМ и доаѓа обнова на Македонија со ВМРО-ДПМНЕ.
Ново на Сител
-

По 10 години притвор ослободен синот на поранешниот либиски лидер Моамер ел-Гадафи
-

Деловен форум „Поврзување на Швајцарија и Северна Македонија: Деловен раст и партнерства“
-

Премиерот Мицкоски во посета на фабриката КОСТАЛ Македонија
-

Трамп: САД соработуваат со Израел со цел да воспостави подобри односи со Сирија
-

Во Скопје 10. Годишна регионална конференција за координација на безбедноста
-

Украина изврши напад на Русија со дронови, погодена рафинерија за нафта
-

Американскиот Сенат го одобри законот за финансирање, отворајќи го патот за завршување на блокадата на Владата
-

Без струја изутринава дел од корисниците во Центар, Зелениково и Ѓорче Петров
