ВМРО-ДПМНЕ: Владата ги води економијата и државата кон пропаст
СДСМ ја урниса македонската економија. Не сме на прав пат, а тоа го покажуваат и официјалните податоци и меѓународните институции како Светска Банка. Економските индикатори се катастрофални, а владата на чело со СДСМ ја води економијата и државата кон пропаст.
СДСМ единствено донесе разочарување и мизерија како кај граѓаните така и кај стопанствениците. Дека СДСМ ништо не работи доказ е катастрофалната реализација на капитални инвестиции кои заклучно со август изнесуваат очајни 28,16%.Дополнително, СДСМ на чело со Зоран Заев ги задолжи граѓаните за скоро 600 милиони евра, но резултати во форма на капитални проекти скоро и да нема.
Изградбата на патиштата стагнира, додека нови воопшто не се градат. Дека СДСМ воопшто не се грижи за инфраструктурата на државата кажува и фактот дека Македонија после 146 години остана без меѓународна железничка линија. Наместо да станеме држава со технолошки развиена и усовршена железница,државата со СДСМ стана железнички изолирана земја.
СДСМ пред да дојде на власт ветуваше и гасификација но, ништо и од тој проект. Странските инвеститори ја заобиколуваат Македонија како дестинација за инвестирање токму поради фактот дека нема изградба на инфраструктури проекти кои се битни за стопанството и за развојот на државата. Познат е фактот дека компанијата „Фолксваген“ ја заобиколи Македонија и официјално објави дека ќе инвестира во Турција. Зоран Заев и СДСМ единствено се грижат да нивните бизниси растат, додека граѓаните и стопанствениците се оставени сами на себе.
СДСМ мора да си одат што побрзо за да се случи обнова на Македонија која толку многу и е потребна. СДСМ на чело со Зоран Заев направи огромна штета како на економијата така и на државата и колку побрзо си заминат толку побрзо ќе се изгради и обнови се она што СДСМ го уништи.
Ново на Сител
-
37-годишна жена два пати физички нападната во Скопје од својот сопруг во текот на еден ден
-
Тепачка помеѓу 6 лица во Ѓорче Петров, употребувани тврди предмети и оштетени две возила
-
Кривична за двајца полициски службеници, дозволиле да застарат 14 дела за тешки кражби
-
Мицкоски: Имаме организиран пристап и ќе продолжиме да помагаме на семејствата на настраданите во кочанската дискотека
-
Го оштетиле буџетот за 2,2 милијарди денари, поднесени обвиненија за „Онкологија“
-
Мицкоски за дивоградбата во Чаир: Градоначалничката на Град Скопје има ингеренции и треба да постапува
-
Лишен од слобода крадец во Куманово, одземеното е пронајдено
-
Во Франција за четири дена уапсени 55 педофили