Ќе направи големо шоу, Џаро влегува на „Фарма“
Прославениот менаџер Велибор Џаровски Џаро влегува во реланото шоу „Фарма 7“ но тврди дека нема да се натпреварува за главната награда од 50.000 евра.
Човекот кој, како што сам признава, наместил над 80 фудбалски натпревари во поранешна Југославија, и едно време им беше естраден менаџер на ѕвездите како Здравко Чолиќ, Мишо Ковач, Оливер Драгојевиќ, Тереза Кесовија, не сака да се натпреварува за прво место, зошто, вели тој, сите ќе мислат дека таквиот исход е наместен.
-Ни ТВ Пинк ниту јас не сакаме таков исход. За меото име се врзуваат афери, па и да победам, никој нема да верува дека натпреварувањето било регуларно, вели Џаровски.
Тој додава дека со продукцијата лесно ќе се договорат за неговиот хонорар.
-Ќе земам пари колку што ќе ми дадат. Мене парите не ми се битни. Ми беа потребни додека бев млад и здрав. Сега ми треба многу малку - да им купам по некое чоколадо на внучињата и тоа е тоа. Одлучив да влезам во реалното шоу на Пинк затоа што сакам предизвици, вели Велибор Џаровски Џаро.
Ново на Сител
-
Во Франција за четири дена уапсени 55 педофили
-
Просечната нето плата во март 44.763 денари
-
Нова акција на МВР: Се разбива мрежа за нелегални престои на странски државјани
-
25-годишен мотоциклист почина по сообраќајка во Чаир
-
Европските лидери го осудија убиството пред Еврејскиот музеј во Вашингтон
-
2023 сообраќајни прекршоци изминатите три дена, 362 за брзо возење
-
Во Велес синоќа се запали куќа од удар на гром, повредени нема
-
Манчестер јунајтед претрпе 20 порази во една сезона за прв пат по 50 години