ВМРО-ДПМНЕ: Владата да изврши усогласување на платите во образованието со Колективниот договор, и покачување кај сите плати
Владата да изврши усогласување на платите во образованието со Колективниот договор, и покачување кај сите плати.
Платите во образованието се ниски, само усогласување на платите ск Колективниот договор ќе донесе подобар стандард за просветните работници. Така платите на наставниците ќе бидат и до 45 илјади денари.
Потребно е покачување на платите и во високото образование. Асистент на факултет кој е магистер, и на докторски студии зема 23 илјади денари плата, само 5 илјади над минималецот. Тоа ги демотивира младите да се занимаваат со наука.
Покачување мора да има и во здравството. Зошто се повеќе лекари и медицински персонал ја напуштаат државата токму заради ниските примања.
Во однос на пензиите, владата да го прифати предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за покачување на пензиите за 20%, се друго е мачкање очи на пензионерите.
Во услови кога имаме инфлација, основните продукти и горивата се покачени за 70%, а лебот и за 110%, потребни се реални и ефективни мерки веднаш.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Нејмар: Светското првенство во 2026 година ќе биде мое последно
-
Наскоро ќе потпишам нов договор со Барселона, потврди Јамал
-
Баерн прави последен обид да го задржи Алфонсо Дејвис
-
Поскапуваат Дизелот и Бензинот
-
Двајца загинати, повеќемина повредени во пожарите во Лос Анџелес, прогласена вонредна состојба
-
34-годишна жена нападната и ограбена кај Бит Пазар
-
Маск му одговори на Трудо со „девојко“
-
Почина кучето Феликс кое беше претепано крвнички во Момин Поток