ВМРО-ДПМНЕ: Вистината за Вице и Зоран Заеви конечно излегува на виделина
Никој повеќе не им верува на најкриминалната Далтон фамилија во Македонија.
Во целиот напис Вице Заев за една работа е во право, а тоа е дека вистината секогаш е посилна од лагата.
Вистината за Вице и Зоран Заеви конечно излегува на виделина. Откако во Судот се презентираа докази каде што Вице Заев бил на работен состанок со Зоран Милески Кичеец и Зоран Заев бил на средба со Катица Јанева и повеќе од јасно е дека вистината излезе на виделина и конечно се знае кој стои зад случајот РЕКЕТ.
Она што Зоран и Вице Заеви се обидуваат да го сокријат, јавноста одамна го знае. Главата на октоподот за целиот криминал во Република Македонија е семејството Заеви.
Тоа е единственото семејство кое го контролира секој еден бизнис во државава и воедно целиот криминал во Владата. Нема тендер или јавна набавка без да помине на одобрување кај Зоран и Вице Заеви.
Борбата за законот за јавно обвинителство преку уцени, закани, притисоци кон пратеници беше борба за аболиција на семејството Заеви. Борбата за законот беше борба против снимките каде што Заев признава дека го финансирал Боки 13, против снимките за случајот Леонардо, против доказите дека Вице и Зоран Заеви се гледале со обвинетите во РЕКЕТ, борба против криминалот во доделување на лиценци за канабис на блиски луѓе до семејството Заеви.
Ова е последен обид на семејството Заеви да се спасат од правдата за целиот криминал кој го имаат направено.
Овој обид за спас на семејството Заеви потсетува на ликовите од семејството Далтони од цртаните филмови, каде што обидувајќи се да се спасат од криминал, влегуваат се подлабоко во криминал и на крајот завршуваат во затвор.
Секој што се огрешил пред законот и секој што ја злоупотребил својата позиција ќе одговара. Без разлика дали е премиер, брат на премиерот, братучед на премиерот или некој друг.
Сите граѓани мора да бидат еднакви пред законот и ќе бидат.
12 април е денот кога граѓаните први ќе им пресудат на Заеви, а потоа и ќе одговараат за се што направиле.
Ново на Сител
-
ДИК: Oбработени 96,37% од гласовите, Силјановска Давковa 351.826 - Пендаровски 174.658
-
ДИК: Oд обработени 90,18% oд гласовите Силјановска Давкова 325.150, Пендаровски 162.062
-
Ковачевски: Знам дека многу наши поддржувачи се разочарани, но сега не е време за откажување
-
ДИК: Oд обработени 87,17% oд гласовите Силјановска Давкова 315.638, Пендаровски 156.406
-
Мицкоски: Победуваме со над 170.000 гласа разлика
-
Пендаровски: Резултатите не се такви какви што ги очекувавме
-
Пендаровски: Резултатите не се такви какви што ги очекувавме
-
Димитриевски: Испишуваме историја, се роди 3-тата политичка сила во македонскиот политички блок