ВМРО-ДПМНЕ утре со возила ќе протестира ширум земјава
ВМРО-ДПМНЕ утре излегува на протест со возила со почеток во 18:30 часот.
„Македонија стана земја на криминалци, мафијаши на власт и неправда. Има за врхушката на власт, а нема за народот. Прогонот на политички неистомисленици стана секојдневие од страна на власта, која пак го прикрива стравот од казната која им следи од народот.
Криминалот и корупцијата на власта се сериозни проблеми со кои се соочува државата, а вмешаноста во корупциски скандали и афери на луѓе од власта и блиски до Заев стана нормалност.
СДСМ и Заев мора да заминат на темната страна на историјата, а Македонија мора да биде правна држава во која ќе владеат законите подеднакво за сите.
Токму затоа ВМРО-ДПМНЕ организира протести со возила на територија на Град Скопје, и општините Велес, Охрид, Куманово, Прилеп, Штип, Битола утре вторник 20.10.2020 година со почеток во 18:30 часот. Протестот со возила на територија на Град Скопје ќе започне од СЦ Јане Сандански, па се до Владата на Република Македонија.
ВМРО-ДПМНЕ ги повикува сите граѓани да се приклучат на протестот против криминалот, корупцијата, неправдите и прогонот. Ова самоволие на власта мора да прекине!“ стои во соопштението испратено од ВМРО-ДПМНЕ.
Ново на Сител
-

Продолжува судeњето за „Пулс“ - родителите на загинатите дојдоа со транспарент пред судницата
-

Адем Чучуљ ја превзема претседателската функција во ДКСК, ќе работи на враќање на интегритетот на институцијата
-

На посебна веб страна ќе се следи реализацијата на проектите на општините финансирани од Владата
-

ВМРО-ДПМНЕ: Николовски набавил поскапо жито за стоковите резерви за 1,3 милиони евра, откако Заев и Филипче му го отпишаа кусокот
-

Злоупотреби на партиите за време на изборите
-

Саем за кариера во Охрид
-

Преглед на вестите од светот
-

Крајот на декември ќе се одлучува за зголемување на минималецот
