ВМРО-ДПМНЕ: Уништувањето на билбордите е доказ за стравот од пораз во СДСМ
Почитувани,
Уништувањето на билбордите е доказ за нервозата и паниката која владее во СДСМ.
Причината за демолирањето на билбордите кои ја говорат вистината за Зоран Заев е стравот во владејачката партија од соочување со одговорност и уште еден обид за цензура на вистината.
Додека Заев се богати, два милиони осиромашуваат е вистината за криминалот на Заев кое неговото обвинителство и судот по принципот “трас-трас” го амнестираше.
Насилството, цензурата и криминалот се белег на хибридниот режим на Зоран Заев. Тоа нема да не спречи туку не охрабрува да продолжиме да ја говориме вистината за тоа како Заев владее во земјата.
Не може да сме најкриминалната земја во Европа, а Заев да е невин. Тој е креаторот и мозокот на ректот во Македонија.
Ги повикуваме надлежните институции да ги пронајдат насилниците и да ги превземат потребните мерки за ваквиот обид за цензура.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Претседателот на Словачка Петер Пелегрини во официјална посета на Македонија
-
Фон дер Лајен утре во Скопје, најавува фабрики за вештачка интелигенција во Македонија и Србија
-
Уште 4 дена предизборна кампања, Мицкоски и Филипче си разменуваат обвинувања
-
Пакет мерки за пензионерите најавува Орце Ѓорѓиевски
-
Каја Шукова најавува реформирање на јавните претпријатија
-
Со законски измени ќе се предвидат токсиколошки анализи за докторите
-
Пчеларите едуцираат, како да препознаете фабрикуван мед
-
Преглед на вестите од светот