Македонија
13. October 2025 - 16:32

Последна недела кампања за локални избори 2025

Чистотата денеска во фокусот на кандидатот за градоначалник на СДСМ за Центар. Герасимовски заедно со работниците чистеше диви депонии кај скопско Кале.  

Инвестициите во образованието ќе продолжат, ветува кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ за Гази Баба. Стефковски ако добие мандат, вели дека ќе се фокусира на модерен образовен систем. 

Сотир Лукровски најавува нова градинка, но и реконструкција на постоечките во Карпош.  

Струмица да остане град на сите луѓе, без поделби и манипулации порача кандидатот за градоначалник на СДСМ од граѓанската трибина. 

Меџити најавува бесплатни униформи за сите основнци во Чаир. Неговиот опонент Османи пак со ветување за целосна обнова на фасадите и лифтовите во сите повеќекатнци во општината.