ВМРО-ДПМНЕ: Тестови за корона нема ни за лек, Филипче штелува бројки, за ова треба да одговара
По повеќе од една година корона пандемија граѓаните не можат да најдат термин за тестирање. Термин за тестирање нема ни за лек.
И додека министерот Филипче велеше дека ќе има околу две илјади заболени лица, излезе само починати да има повеќе од дупло од бројката која тој ја прогнозираше за заболени.
Во меѓувреме, додека сите вакцинираат од декември и има земји во кои околу половина од населението има примено барем една доза од вакцината против корона, во Македонија е вакацинирано помалку од еден процент од населението.
И, пак, за тестирањето. Нема реагенси, нема тестови... Која е целта на Филипче да каже дека ситуацијата е под контрола штелувајќи ги бројките на новозаболени или можеби математиката од набавка на реагенсите не му излегува, нема провизии.
По сето ова, крајно време е Филипче да си даде оставка! Филипче и ќе одговара за сите злодела кои им ги нанесе на граѓаните!
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
„Ѓока констракшн“ од Албанија ќе стопанисува со паркингот на Клинички во наредните 20 години
-
Електродистрибуција: Секој корисник има право да побара корекција на фактура
-
Туск: Европа може да победи во секоја конфронтација со Русија
-
Наутро постудено, преку ден топло со температури до 23 степени
-
Пожар во стан во Центар
-
Лавров: Нуклеарната реторика на Макрон е закана за Русија
-
Андоновска: Скопје, Битола и Куманово со најголем број на заболени од грип
-
Кошта: Слушнавме бура на идеи за безбедноста на Европа, но денеска сме тука да носиме одлуки