ВМРО-ДПМНЕ: Техничкиот преглед на „Дурмо турс“ добил забрана, а по неколку дена решението е поништено
Пред само 6 дена се случи кобна сообраќајна несреќа во која 15 невини луѓе го загубија несреќно животот, а уште толку се повредени и се наоѓаат на клиниките.
Се уште не се утврдени точните причини од страна на МВР за сообраќајната несреќа која беше кобна за овие 15 луѓе.
Компанијата „ДУРМО ТУРС“ која е сопственик и превозник чиј автобус излета од патот, била воедно и сопственик на станица за технички преглед „Авто мото здружение“- Гостивар.
Она што е сомнително е што истата „ДУРМО ТУРС“ своите возила ги регистрирала токму во сопствениот технички преглед во Гостивар.
Кој го потпишал записникот за увид, кој излегол на увид и со чија наредба иако знаел дека во законски предвидениот рок од 30 дена не смее да врши увид се отстранети сите неправилности.
Дали за време на за забраната е вршен технички преглед, а потоа се дерегистрирани сите возила што се поминати за време на одземеното овластување. Зошто не е санкционирана станицата за вршење технички предглед за стореното кривично дело?
По закон станиците треба да го чуваат видео надзорот 12 месеци. Дали се извадени снимки од видео надзорот за да се утврди дали автобусот бил во станицата и на кој начин е вршен технички преглед?
Почитувани,
Одговорност мора да има и да се расветли случајот каде несреќно го загубија животот 15 луѓе и уште толку беа повредени.
Оливер Спасовски мора да сноси одговорност и тоа уште веднаш.
Нашите граѓани заслужуваат да ја знаат вистината.
Орце Ѓорѓиевски – член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Обновена постапката на Археолошкиот музеј
-
Шекеринска во дводневна посета на Бугарија
-
Тема на денот со Влагојче Атанасовски, политички аналитичар
-
По пожарот во Виница 25 лица побарале лекарска помош, 12 задржани на болничко лекување
-
Пожари на истокот
-
Димовски: Немало организирано следење на Мицкоски
-
Пуштена во употреба делницата Климештани - Охрид, долга 17 километри
-
Предизборни партиски ветувања за подобар живот во општините