ВМРО-ДПМНЕ: Судот не одолеа на владините притисоци
ВМРО-ДПМНЕ смета дека сите процеси што ги води СЈО се политички памфлет и политички прогон, а судот, како што изјави денеска Орце Ѓорѓиевски, не успеа да одолее на притисоците од владините функционери и медиумите блиски до Сорос и СДСМ.
Ѓорѓиевски го обвини судот и за, како што рече, двојни аршини.
- Судот, за жал, како резултат на притисок не ги зеде предвид правните аргументи, туку стана дел од играта која му ја диктираат СДС, СЈО, Зоран Заев и Катица Јанева. Одлуките на судот се политика која му помага на Заев да врши политички прогон на функционери од ВМРО-ДПМНЕ и истовремено да ја дефокусира јавноста од погрешните и антидржавните политики кои ги води, а кои се на директна штета на македонските национални и државни интереси, истакна Ѓорѓиевски.
Според него, дека одлуките се класичен конформизам и резултат на притисок, говорат фактите и правните аргументи кои судот не сакаше или не смееше да ги види. - Ако некој од обвинетите имаше намера да побегне од државата тоа досега ќе го направеше. Сведоци сме дека сите функционери на ВМРО-ДПМНЕ кои биле повикани во СЈО редовно се одзивале на поканите, укажа Ѓорѓиевски.
Разликата во одлуките на судот, дополни, е очигледна. - Зоран Заев за случај за барање поткуп со легално прибавени докази е се уште на слобода и не се појавува на рочиштата, а се одземаат пасоши на членови на ВМРО-ДПМНЕ. Лица кои се професионалци неосновано завршуваат во притвор, и тоа во ситуација кога еден од главните инспиратори и реализатори на политичката криза Зоран Верушевски, за кој постојат неспорни докази за кривични дела комотно си го напушти притворот и сега е некаков советник во Владата, посочи Ѓорѓиевски.
Праша и зошто судот никогаш не почнал постапка за обезбедување на Зоран Заев. - Судот молчи зашто лица за кои постојат докази дека се вклучени во криминал, кои избегнуваат рочишта и кои влијаат врз сведоци, се на слобода. Заев јавно кажуваше дека не го признава судот, најави дека нема да се појавува на рочишта, ги лажеше судовите со измислени средби со чувари и возачи од амбасади, отворено им се заканува и врши притисок врз судии со најави за генерален реизбор во судството, рече Орце Ѓорѓиевски.
Ново на Сител
-
Родители во Велика Британија поднесоа тужба против ТикТок поради податоци за починати деца
-
Македонија со пораз од Естонија остана без пласман на Европското кошаркарско првенство
-
Доктор: Животот на папата Франциск не е во опасност, тој е добро расположен
-
Украинските војници не сметаат дека наскоро ќе има крај на војната
-
Полицаец се самозастрела во Скопје
-
47-годишен турчин измамен во Штип за сума од 3.550 евра
-
Минчев: Меџити да не се однесува како Алиса во Земјата на чудата
-
Извори од Ватикан: Денес или утре ќе се знае како папата Франциск реагира на новата терапија