ВМРО-ДПМНЕ: Судот мора да почне да дели правда, а не политика

Во Македонија е узурпирана државата и укинато е владеењето на правото.
Во Македонија денес сеуште има почитички затвореници. Уметници, интелектуалци и пратеници се наоѓаат во притвор наместо да бидат дома со своите семејства, додека криминалци и убијци се ослободуваат и шетаат по улиците. Светот полека се запознава со недемократскиот режим во Македонија. Колегите на угледните професионалци кои се наоѓаат во македонските затвори веќе реагираат на газењето на човековите права и на фактот дека овие луѓе без никакви докази се наоѓаат во притвор.
Десетици уставобранители се наоѓаат во Шутка, додека владините претставници по соседството лицитираат со македонската историја и иднина.
Судот мора да почне да дели правда, а не политика. Судот треба да собере сили и да ја признае грешката со притворањето на уметници и интелектуалци без никаква основа. Во Република Македонија десетици луѓе се ставени во притвор, како дел од монтиран случај, само затоа што изразиле спротивен став и гласно се спротивставиле на една политика. Притвор се користи како казна и средство за заплашување на политички неистомисленици наместо како мерка на претпазливост. Институциите кои треба да го штитат правниот систем ги кршат законите и правните постапки на секој чекор. Притворените се соочени со кршење на нивните права во сите фази од процесот. Незаконитоста во постапките е нотирана и од Народниот правобранител.
Судиите и обвинителите се должни да издржат и да не потпаѓаат под притисок, бидејќи нивната професија го налага тоа.
Македонија нема да биде дел од Европа се додека не се врати правната држава и не се воспостави владеење на правото. Македонија не може да стане членка на НАТО се додека правосудниот систем се користи како алатка за политички прогон. Нашата заедничка држава не може да тргне напред се додека патриотите се во затвор, а презумпцијата на невиност е само празна флоскула. Демократијата и правната држава се право на граѓаните и тоа не смее да им биде скратено.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-

Се бара нов 48-часовен притвор за четворицата осомничени за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче
-

ДИК на седница усвои барање за акредитација за набљудувачи на изборите во Брвеница
-

Мицкоски: Граѓаните на Брвеница да гласаат за проект повеќе и подобар живот, а не за етнички поделби
-

Полицајци фалсификувале службен извештај за контрола на седум возила, но возачите тврдат дека никој не ги запрел
-

72-годишен Французин починал на Кадиохирургија во Скопје
-

Двајца малолетници нападнале и ограбиле 62-годишен маж во Тетово, едниот го повредил со остар предмет
-

Брнабиќ ја повика Студентската листа што поскоро да формира власт
-

Николоски: Автопатот Скопје-Блаце директно не поврзува со пристаништето во Бар
