ВМРО-ДПМНЕ стои зад сите обврски од Договорот од Скопје
ВМРО-ДПМНЕ стоело и се уште стои зад сите обврски предвидени во договорот од Скопје, чија крајна цел беше одржување предвремени избори на кои граѓаните би ја довериле довербата на политичката опција која има капацитет да ја изведе Република Македонија од кризата во која што ја втурна СДСМ, се наведува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на изјавата на Дамјан Манчевски, потпретседател на СДСМ.
Целта, како што додаваат, на минатогодишниот договор во ниеден случај не беше СДСМ да се дограби до власт без никаков легитимитет од граѓаните и оваа позиција да ја злоупотребува бесконечно, блокирајќи ги реформите и проектите.
Посочуваат дека пратениците на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието го изгласа законот за формирање на Специјалното јавно Обвинителство и го поддржа буџетот од 4 милиони евра, кој го побара Катица Јанева. Од друга страна ВМРО-ДПМНЕ јасно кажа дека нема да даде поддршка на непрофесионално, селективно и незаконско работење мотивирано од политички побуди.
Во реакцијата истакнуваат дека ВМРО-ДПМНЕ во целост ги испочитува сите обврски кои произлегуваат од договорот.
- СДСМ постојано бега од соочување на избори бидејќи е свесен дека од ден на ден му паѓа малата поддршка кај народот па сака по секоја цена да го одложи десетиот пораз, надевајќи се на чудо, стои во реакцијата.
Ново на Сител
-
Агелер не е изненадена што Груби се најде на ,,црната листа''
-
Ново рочиште за убиствата на Вања и Панче
-
Мерко именувал библиотекар за директор на училиште
-
Законот за интонирање на македонската химна денеска пред пратениците: Јаневска очекува да добие поддршка
-
Дурмиши: Новогодишната кошничка ќе донесе заштеди над 1200 денари месечно
-
Депонијата Буково полна со отровен отпад
-
Преглед на вестите од светот
-
МВР откри терористичка ќелија која организирала напади во Македонија и регионот