Македонија
28. September 2023 - 18:51

ВМРО-ДПМНЕ: Срамно е што жените пратенички од СДС заради партиски притисок не смеат да го осудат Маричиќ

Жените пратенички од СДС треба да се засрамат од фактот што мора да извршуваат партиски насоки на Ковачевски и да го бранат Маричиќ, кој јавно во собрание со сексистички гестикулации ја нападна пратеничката Дафина Стојаноска.

Срамно е што жените пратенички од СДС заради партиски притисок не смеат да го осудат Маричиќ, а згора на тоа мораат и да го правдаат.

Нема правдање за Маричиќ кој цело собрание го виде како се однесува.

Оставка веднаш.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ