-->
-->
ВМРО-ДПМНЕ: Спасовски да не ја одолговлекува аферата со личните карти
-->
ВМРО-ДПМНЕ денеска побара од технички назначениот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски што поскоро разрешување на аферата за фалсификувани 30.000 лични карти што ја откри неделникот „Фокус“, бидејќи велат, не смее да се остави ниту најмал простор за сомнеж и причина некој повторно да ја оспорува одлуката што ќе ја донесе народот на следните избори.
- Затоа ВМРО ДПМНЕ бара од Вас како технички министер за внатрешни работи после цела недела, да не се криете, да излезете и да и кажете на јавноста кој ги фалсификувал 30 000 лични карти? Дали се фалсификувани? Како и каде се фалсификувани? Кој и на кого му помагал? Каде се употребени овие наводно фалсификувани лични карти? Каде е остатокот од 29.900 лични карти кои што неделникот Фокус сеуште не ги предал не ги предаде на МВР?, изјави Антонио Милошоски, член на Извршниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес-конференција.
Според него, Спасовски, ги има сите овластувања и ресурси во најкус можен рок да ги изведе виновниците пред лицето на правдата, и иако сеуште е генерален секретар на СДСМ, вели, не смее да се однесува само како партиски војник туку мора да покаже капацитет дека знае да го води МВР, а јавноста мора да знае кој стои зад оваа афера.
- Господине Спасовски Вие сега не сте одговорен само пред членовите и симпатизерите на СДСМ, туку сте одговорен пред Собранието на Република Македонија и пред целата држава. Затоа не смее да дозволите некој да си поигрува со угледот на Министерството кое што го водите и со угледот на целата држава. Само на тој начин ќе докажете дека не сте дел од уште едно смислено сценарио на СДСМ за наоѓање на изговори и избегнување на одговорноста од новиот пораз. До изборите и до уште една победа на вољата на народот остануваат уште 148 дена и Вие како технички министер за внатрешни работи немате право да молчите и да ја одолговлекувате оваа афера, апелираше Милошоски.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Нова кривична пријава против екс-директорот на Лотарија Перпарим Бајрами кој исто како и Артан Груби е во бегство
-
Одлуките за замрзнати цени и маржи стигнаа до Службен весник
-
Николоски: Нема да одиме против УНЕСКО за автопатот
-
Иницијативата на ЗЕЛС за општокорисна работа помина на Влада: Кои се следните чекори на работната група?
-
Уставните судии неодлучни – дали зголемениот праг за независните листи се уставни?
-
700 „фантоми“ се уште се невидливи за државата: 13-годишно девојче конечно доби извод
-
Преглед на вестите од светот
-
Николоски најавува влез на нови странски инвестиции