ВМРО-ДПМНЕ: Со укинување на Денот на дрвото Владата ја покажува лажната грижа за чист воздух
Владата на СДС укинувајќи го денот на дрвото на површина ја покажува лажната грижа за чистиот воздух.
Чистиот воздух, исто како и ветувањето за живот на сите се лажни пароли и лажни ветувања кои ќе станат синоним за неспособноста влада на СДС и Зоран Заев.
Овие две ветувања ќе се вбројат во редот на големи лаги на СДС како онаа дека ќе вработеа по еден од секое семејство, и дека ќе носеле инвестиции.
Владата на СДС и Заев наместо по градење исклучиво ќе се памети по уривање, стопирање, и наметнување на нови давачки.
Наместо со ново зеленило, тие против загадувањето се борат со покачување на цената на нафтата, покачување на цената на паркирање и редица ретроградни мерки.
Досега над 35 милиони садници се засадени од 2009.та досега, со над 50 проценти успешност со што се смета за едно од најуспешните пошумувања во регионот. Само во Скопје само за изминатите 4 години засадени 256.000 листопадни дрвја и зимзелени садници.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Тема на денот со Благоја Ралповски, KСС
-
Започнува изградбата на автопатот Тетово - Гостивар
-
Започнува изградбата на автопатот Тетово - Гостивар
-
Средба Мицкоски - Таравари во текот на неделава
-
Светски ден на слободата на медиумите – 3 мај
-
Сител анализа: Зошто жените заработуваат помалку од мажите?
-
„Од врата до врата” за поголем опфат со вакцини и избегнување на епидемија со морбили
-
Родителите мора да ја почитуваат реонизацијата при запишување на првачињата