-->
-->
ВМРО-ДПМНЕ: Со СДСМ народот е се посиромашен, АД ЕЛЕМ понуди 17% поскапа струја
-->

Струјата која АД ЕЛЕМ ќе ја продава кон ЕВН, а тие понатаму ќе им ја препродаваат на домаќинствата е 48 евра по мегават час. Тоа се 17% повеќе од до сега.
Дополнително се става под знак прашалник како и дали АД ЕЛЕМ ќе ја покрие разликата помеѓу произведената струја и потребната за испорака.
Само во последните 7 месеци потрошени се 200 милиони евра за купување струја од берза.
АД ЕЛЕМ не произведува доволно, па мора да купува струја и по 250 евра за мегават час.
Сето ова ќе се спречеше, ако во РЕК не се крадеше од тендери, и наместо увоз на јаглен од други држави се инвестираше во домашни ископи и функционални блокови.
Дополнително ако власта одговорно се однесуваше со хидропотенцијалот, сега акумулациите ќе беа во подобра сосотојба.
Негрижата на СДСМ за енергетската стабилност на земјата комбинирана со крадењето во енергетските претпријатија резултира со 200 милиони евра платени за скапа струја директно од буџетот на државата и поскапи сметки за народот.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Флекс Кредит прогласен за „Најпосакуван работодавач“ во категоријата финансиски друштва за 2024 година
-
Скопјанец добил пари на рулет, па го искршил истиот, по што обезбедувањето на казиното физички го нападнало
-
Андовски: Уште двајца од пожарот во Кочани во релативно тешка состојба
-
Загина мотоциклист откако излетал од патот
-
62-ра жртва од пожарот во Кочани, во Белград почина Стојанче Стојанов
-
Женско бебе пони во ЗОО Скопје
-
Четири лица краделе предмети од објект на ЈП Железници со вкупна вредност од околу 1.239.000 денари
-
1507 сообраќајни прекршоци вчера и завчера на територија на цела држава, 259 за брзо возење