ВМРО-ДПМНЕ: Со ребалансот се зголемува задолжувањето за 150 милиони евра
ВМРО-ДПМНЕ во денешното писмено соопштение обвини дека Владата за помалку од два месеца ја задолжила државата за околу 70 милиони евра и оти со ребалансот на Буџетот се предвидува зголемување на задолжувањето за 150 милиони евра повеќе од планираното.

- СДС бесрамно продолжува да ги задолжува граѓаните на Република Македонија. СДС за помалку од два месеци успеа државата да ја задолжи за околу 70-тина милиони евра. Граѓаните на Република Македонија секој ден кога се будат под власт на СДС, државата се задолжува за нови 1.7 милиони евра. Владата на СДС со ребалансот на буџетот предвидува зголемување на задолжувањето за 150 милиони евра повеќе од планираното. СДС откако е на власт докажа дека воопшто не се грижи за државата и за нејзината економија, се наведува во соопштението.
Граѓаните, вели ВМРО-ДПМНЕ, сакаат да знаат зошто државата се задолжува со толкава енормна сума и каде владата на СДС планира да ја потроши.
Ново на Сител
-

ДЗС: Отстранети гранати од минатите војни во атарот на село Мегленци во Новаци - предел што бил зафатен од пожар
-

Муцунски од Израел: Директна авиолинија Тел Авив–Скопје или Охрид, унапредување на соработката во туризмот
-

ЦУК: Пет пожари активни, еден под контрола
-

Бројот на жртвите во поплавите во Непал се искачи над 600
-

Зеленски се закани дека ќе ја нападне Русија со 1.000 дронови дневно
-

На Исланд референдум за продолжување на преговорите со ЕУ
-

На Исланд референдум за продолжување на преговорите со ЕУ
-

Денес се празнува Преподобен Јоаким Осоговски
