ВМРО-ДПМНЕ: Со ребалансот на Буџетот се кратат пари за градинки
ВМРО-ДПМНЕ денеска на прес-конференција обвини дека со ребалансот на Буџетот се кратат пет милиони и шестотини илјади денари, кои биле наменети за изградба и опремување на детски градинки.
- Ова ја покажува целата негрижа на владата на СДС кон граѓаните и нивните потреби. СДС ги лажеше граѓаните пред избори ветувајќи зголемување на опфатот на деца во градинки за 50%, а сега кога се сместија во фотелјите, ги поздравија граѓаните со кратење на пет милиони и шестотини илјади денари кои беа наменети за нови градинки, и тоа во делот на нивното опремување, бидејќи изградбата во најголем дел ја покриваат општините, изјави на прес-конференцијата Ирена Попова.
Според Попова, факт е дека со намалени средства некоја од предвидените градинки за отворање во 2017 година нема да се отвори затоа што нема пари за опрема. Овие пари кои СДСМ ги крати, рече Попова, биле доволни за опремување и отворање на пет до шест нови помали градинки предвидени во програмата за 2017 година.
- Многу веројатно е дека заради неспособноста на министерката Мила Царовска оваа 2017 година нема да се отвораат градинки во некоја од следните општини Прилеп, Ново Село, Кавадарци, Свети Николе, Бутел, Ѓорче Петров и други општини во Скопје, рече таа.
Тринаесетте градинки што вчера ги најави Царовска, според Попова од ВМРО-ДПМНЕ, биле предвидени од страна на претходната влада, а некои од нив се во подлабока фаза на реализација. - Што значи дека Царовска се кити со туѓи резултати, и тоа немаше да биде толку трагично ако Царовска од опозиција не ги критикуваше и исмеваше овие наши чекори за изградба на градинки, рече таа.
Ново на Сител
-
Герасимовски: Поставивме 720 фотоволтаични панели на покривот на ООУ „Киро Глигоров“
-
Руско МНР: Најмалку 31 цивил е убиен во украинската офанзива врз рускиот Курски регион
-
Царината заплени облека, обувки, бижутерија, чанти, очила, рачни часовници, камагра, жилети, парфеми, техничка стока
-
Утре и во среда локални врнежи од дожд, потоа стабилно со пораст на температурите
-
Посебен режим на сообраќај во Скопје
-
ЕУ одвои уште над милијарда евра за справување со последиците од ланските поплави низ Европа
-
Познати најуспешните македонски компании за 2023 година во првите 10 категории на „Бизнис лидер“
-
Македонски државјанин фатен на граница откако предизвикал сообраќајка при обид да шверцува стока од Косово