ВМРО-ДПМНЕ: Со новиот закон за УЈП СДСМ го крши Уставот

Укинувањето на приватноста на банкарски сметки власта на Заев дополнително ќе ги оданочува извозниците на интелектуален труд и ја загрозува приватноста на граѓаните.
Укинувањето на приватноста на сметките ќе ги направи граѓаните потенцијална мета на уцени, закани и други криминогени дејанија на структури блиски до власта. Со ваквото законско решение СДСМ уште еднаш бескурпулозно го крши Уставот на Република Македонија поточно членот 25 со кој „На секој граѓанин му се гарантира почитување и заштита на приватноста на неговиот личен и семеен живот, на достоинството и угледот.“
Воедно една од клучните цели на оваа одлука на владата е да се оданочат оние кои продаваат интелектуален труд по светот односно ИТ интернет услуги, преводи и други трудови. Со ова дополнително ќе се оданочи структурата на граѓани која прави извоз со минимално користење на домашните кавни услуги за кои плаќа.
Овие законски измени се единствено резултат на стравот и паранојата на Зоран Заев и СДСМ од сопствените граѓани. Страв кој е резултат на противењето на граѓаните на штетните антидржавни политики кои ги спроведува СДСМ.
Зоран Заев досега покажа дека единствено го интересира зачувувањето на својата фотелја бидејќи знае дека во моментот кога ќе падне од власт и ќе ја изгуби контролата врз правосудството ќе мора да одговара за своите и криминалите на своите сопартијци. Денот кога во државата ќе се врати правдата и правната држава Македонија ќе победи.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-

Се презентираат наодите од обдукциите на жртвите во кочанската дискотека
-

Завршни зборови на судењето против Стојанче Јовановски - се бара максимална казна
-

Филипче: Вајц потврдува дека владата на Мицкоски не сака во ЕУ
-

Одбележан Светскиот ден за безбедност и здравје при работа
-

Сајбер безбедноста ќе донесе поголема заштита за граѓаните и бизнисот
-

Денарот стабилен, довербата расте, депозитите во пораст
-

Преглед на вестите од светот
-

Има ли решение за проблемот со ЕЕС?
