ВМРО ДПМНЕ со креативни идеи ќе помага за развој на економијата

На денешната прес конференција пратеникот Тимчо Муцунски во името на пратеничката група на ВМРО ДПМНЕ рече дека следува период во кој е неопходен брз и ефикасен системски одговор за заздравување на економијата, а опозицијата е подготвена да помогне.
„Во овие 6 месеци беше неопходно да се донесат решенија за излез од кризата. 40.000 граѓани ги изгубија своите работни места, за 9,5 % е падот на индустриското производство, нови работни места не се отвораат, нема министер за привлекување на странски инвестиции, продолжува падот на приливите во буџетот што значи дека граѓаните трошат помалку и покрај тоа што годишните одмори ги минуваат во домашните туристички центри. Затоа е потребен брз и ефикасен системски одговор за спас на економијата, а ние како пратеничка група ќе понудиме голем број креативни мерки за развој на економијата" рече Муцунски.
Деспина Тодоровска
Ново на Сител
-

Мицкоски: Јас побарав да запрат исплатите за ИПАРД
-

Фетаи: Меџити држеше 2 места во владата
-

Коцевски: Ќе ги засилиме капацитетите за Пулс
-

Мицкоски: Не е крај на светот – компании ќе се отвораат и затвараат
-

Преглед на вестите од светот
-

Ѓорѓиевски со мрежа ќе го брани Вардар од отпад и загадување - Комунална хигиена останува под Град Скопје
-

Тема на денот со Орце Ѓорѓиевски, градоначалник на Скопје
-

Не се намалува бројот на сообраќајки во главниот град – Дневно Брзата помош интервенира на 3-4 несреќи
