ВМРО-ДПМНЕ: Со 18.000 гласови, Филипче нема легитимитет
По дебаклот што се случи на изборите денес во СДС, на кои што имаше само еден кандидат, а тоа беше поттрчкото на Заев, Венко Филипче, тој освои 18 илјади гласови.
За трагедијата да биде уште поголема, регистрирани беа 23.712, а само 18 илјади членови го подржаа Филипче. Тоа само зборува дека Филипче нема кредибилитет во СДС.
Само 18 илјади луѓе сметаат дека Венко треба да ја води СДС. Истиот Венко, кој не одговараше за модуларна болница, за набавката на КОВИД вакцини од фантом фирма Старби, кој лажно вакцинираше член на фамилијата за ПР, работеше за богатење на неговиот ментор Заев кој сега гради згради по Дубаи.
Филипче е поставен директно од Заев, за да работи за негови интереси, а знаеме дека интересите на Заев, се предавства за Македонија.
Филипче е прочитана приказна на македонската политичка сцена. Филипче ниту е, ниту пак може да биде новото лице во СДС, тој е само обичен привезок на Заев.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Пожарот во „Пулс“ ја зеде 61-та жртва, почина пациентот кој се лекуваше во Литванија
-
Таткото на Вања негира вмешаност во случајот
-
Тема на денот со Аким Али, претставник на СЗО на Македонија
-
15 години клиничка болница “Аџибадем Систина”
-
Преглед на вестите од светот
-
Пожарот во Пулс ја зеде 61-та жртва, почина пациент кој се лекуваше во Литванија
-
Таткото тврди дека не е виновен
-
Мицкоски: Анкетната комисија за Кочани, да се прошири и за другите трагедии