Македонија
28. January 2017 - 10:47

ВМРО-ДПМНЕ: Следува време на десороизација

ВМРО-ДПМНЕ денеска преку соопштение посочи дека следува време на десороизација и оти деструкцијата на, како што стои, платениците на Сорос е прочитана секаде.   

- СДСМ и Сорос се надеваа дека со пари и со помош од надвор ќе ја изиграат волјата на народот, ќе се дограбат до власт и ќе продолжат со својот деструктивен поход, минувајќи неказнето. На 11-ти декември народот им стави крај на ваквите мрачни фантазии на СДСМ/Сорос, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата потсетуваат дека, како што стои, СДСМ/Сорос две години дивееја уништувајќи се пред себе и предизвикаа штети тешки десетици милиони евра.

- Семејствата на 40-тината полициски службеници кои беа нападнати и повредени во насилните протести пред Владата и останатите полицајци треба да знаат дека правдата доаѓа, наведуваат од ВМРО-ДПМНЕ.