ВМРО-ДПМНЕ: Скопје е блокирано заради матните тендери
Скопје е блокирано заради матните тендери на Арсовска, плод на коалицијата со Ковачевски. Таков тендер е набавката на гориво за потребите на ЈСП од 27 милиони евра.
Арсовска за разлика од сите нејзини претходници не добива попуст од 6 денари по литар. Овој попуст го имало и кај Костовски и кај Трајановски и кај Шилегов, но го нема кај Арсовска. Доколку имаше попуст ЈСП ќе платеше 1.4 милиони евра помалку. Тоа се повеќе од доволно средства за да се покрие долгот кон приватните превозници.
Зошто нема попуст знае само Арсовска.
Градоначалничката не треба да бега, туку да одговори:
Дали тендерот за набавка на гориво за ЈСП е дел од договорот за тајната коалиција со Ковачевски?
Дали на средбата Арсовска – Ковачевски е договорено провизија, наместо попуст?
Зошто во договорот за нафта со Пуцко Петрол нема ниту еден процент попуст, а во сите претходни има? Од Костовски, преку Трајановски до Шилегов.
И дали е точно дека бугарски автобуси треба да вршат јавен превоз како замена за тековниот?
Доколку имаше попуст на договорот за набавка на гориво за ЈСП ќе имаше и пари за приватните превозници. Дали на Арсовска и одговара кризата? И дали Скопје е жртва за бизнис интереси?
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Кошта утре на средби со македонските власти - Експертите не очекуваат позитивни сигнали од Брисел
-
Јавно ќе се разрешува претседател на Судски совет: Министерството за правда со нов закон
-
Во понеделник ќе биде познат новиот гувернер на Народната Банка
-
Инвестиции во железничката инфраструктура
-
Преглед на вестите од светот
-
Следната недела ќе бидат познати кадровските решенија по заминување на АА од Владата
-
Мицкоски: Ако има зголемени цени, можно е враќање на замрзнатите маржи
-
Врховен суд ја укина пресудата против Васил Јованов за поседување и трговија со наркотици