ВМРО-ДПМНЕ: Скандалозно е однесувањето на власта, која соочена со пораз губи контрола

Нервозата кај Заев и Пендаровски од неминовниот изборен пораз е се по очигледна. Активисти на власта се закануваат дека со пиштоли ќе влезат во ДИК, јавно пред камери, а Стево Пендаровски молчи.
Скандалозно е однесувањето на власта, која соочена со пораз губи контрола.
Пендаровски и Заев знаат дека губат и затоа и се закануваат.
Криминалитетот е зголемен. На само неколку дена пред избори од банка во Скопје одземени се 150.000 евра, а Спасовски молчи и се уште ги нема пронајдено разбојниците.
Поразот на Пендаровски кој е повеќе од јасен допринесе власта да прибегне кон криминални методи. Но ништо не може да го спречи падот на СДСМ, бидејќи граѓаните не поддржуваат криминал и насилие. Граѓаните сакаат право и правдина. Граѓаните ќе гласаат за Гордана Сиљановска Давкова.
Ново на Сител
-

Нов пораз на македонските фудбалери – Швајцарија славеше со 3:0
-

Шпанија со пресврт ја победи Хрватска
-

Во ЕУ ќе се разговара за сомневањата за појава на чума во Сибир
-

Трамп: Никој не знае кој управува со Иран
-

Шведската полиција застрела вооружен маж пред Кралската палата во Стокхолм
-

Киев рано утрово повторно цел на руски напади со ракети и дронови
-

Седница на Судски совет, на дневен ред донесување нов Деловник за работа
-

Ведро и студено утро, преку ден сончево и топло
