Свет
7. October 2026 - 8:49

Шведската полиција застрела вооружен маж пред Кралската палата во Стокхолм

Шведската полиција синоќа застрела вооружен маж пред Кралската палата во Стокхолм, кој агресивно се однесувал и се заканувал со оружје. Мажот бил пренесен во болница со тешки повреди.

До полицијата попладнето околу 18:30 часот било дојавено за присуство на „агресивен маж со оружје“ во близина на Кралската палата.

Полицијата интервенирала и притоа употребила огнено оружје, при што го погодила мажот во ногата.

Според шведскиот јавен сервис СВТ, мажот бил вооружен со нож.

 

МИА