ВМРО-ДПМНЕ: Шокантно е што СДСМ се фали со цени на горивата кои се пониски само затоа што паѓаат на берзите
Шокантно е што СДСМ се фали со цените на горивата кои се пониски само затоа што паѓаат цените на берзите.
Наместо да се фалат дека поевтинуваат горивата на светскиот пазар, што секако не е заради Ковачевски, да ја намалат акцизата за 50%.
Откако СДСМ е на власт, тие ја зголемија акцизата за 13.13 денари. И од тогаш секое литро гориво е поскапо за 13.13 денари, само затоа што така сакале СДСМ и ДУИ.
Предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за намалување на акцизата за 50% ќе ги намали цените и ќе овозможи граѓаните да имаат гориво по пристојни цени, а индустријата и земјоделците да имаат поевтино производство.
Дополнително земјоделците чекаат и намалување на ДДВ на 0% за вештачките ѓубрива чии цени на берзите рушат рекорди.
Наместо со бркање на дневен популизам владата да донесе реални мерки.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Најстудено на Попова Шапка, најтопло во Демир Капија
-
МЗТ го доби вечното дерби против Работнички
-
Верстапен триумфираше на спринтерската трка во САД
-
Со цел да го прекине штрајкот, „Боинг“ понуди зголемување на платите за 35 отсто во текот на 4 години
-
Украина лансираше дронови врз Москва и врз западна Русија
-
Иран: Хезболах е одговорен за нападот со дрон врз резиденцијата на Нетанјаху
-
Во Молдавија се одржуваат претседателски избори и референдум за ЕУ
-
Сообраќајот се одвива непречено, по суви коловози