ВМРО-ДПМНЕ: Шилегов за две години заработил 200.000 евра

ВМРО-ДПМНЕ прашува како портпаролот на СДСМ Петре Шилегов успеал во изминативе две години да заработува по 100.000 евра годишно.
Тоа, како што рече Драган Данев од ВМРО-ДПМНЕ на денешната партиска прес-конференција, го потврдува новиот анкетен лист на Шилегов во кој пријавува три нови стана на име на сопругата.
- Двата стана од 64 и 72 метри квадратни ги купила во 2015 година, а третиот од 68 метри квадратни лани. .. Колку е устата поисполнета со навреди и обвинувања против „режимот“, толку повеќе се полнат џебовите со стотици илјади евра. Борецот против режим, пратеникот Петре Шилегов, за само две години го зголемил своето конто за над 200.000 евра. Тоа се преку 100.000 евра годишно или околу 9.000 евра месечно, рече Данев.
Нагласи дека три стана не се купуваат со пратеничка плата и праша дали Шилегов сам себе си изнајмува станови и наплаќа кирии од неговото адвокатско друштво или, пак, си наплаќа консултантски услуги од сопственото адвокатско друштво, додека ја извршува функцијата пратеник.
Ново на Сител
-

Обрадовиќ повеќе не е тренер на КК Црвена Звезда
-

Трамп го уверил Нетанјаху дека секој конечен договор со Иран ќе го вклучи и иранското нуклеарно досие
-

Уапсен тетовец кај Фонтана во Градски парк, физички нападнал полицаец
-

Мицкоски: Народ кој не ја познава својата писменост лесно станува туѓ во сопствената историја
-

18-годишник со автомобил излетал од патот и тешко се повредил
-

Во летниковец на Средно Водно пронајдено безживотно тело на 64-годишен маж
-

Константин Филозоф – св. Кирил: 42 години живот и дело што се памети 12 века
-

Уапсен водич во автобус од Косово, пробал да подмити полицајци со 50 евра
